Жена од Сараево и нејзиното бебе родено на трамвајска станица добија доживотни билети за превоз

Жена која неодамна се породи во возило на трамвајската станица во близина на катедралата во Сараево, како и нејзината новородена ќерка, ќе добијат доживотни билети за јавен превоз.

Мајката на родилката на „Фејсбук“ објави дека породувањето се случило толку брзо што нејзината ќерка и зет не можеле да стигнат до болницата, пренесува порталот „Кликс“.

Таа соопшти дека министерот за транспорт на кантонот Сараево, Аднан Штета, на мајката и на новороденото бебе им подарил доживотни билети за градскиот превоз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e