Закерберг ја претстави визијата за метаверзум

Велат дека визионерите често се несфатени и пред своето време, но судејќи според визијата на метаверзумот што ја прикажа Закерберг, таа иднина не ветува баш многу.

Првиот човек на Meta, на настанот Inside the Lab, одржан на 23 февруари прикажа иницијален концепт на метаверзумот покренат со вештачка интелигенција. Закерберг верува дека вештачката интелигенција е клучен дел од концептот за метаверзум, но според тоа што го прикажа, работата е уште на почеток.

Концептот за вештачка интелигенција во овој случај е отелотворен во Builder Bot робот кој ви помага во исполнување барања. Builder Bot ви овозможува да го опишете светот што го сакате, а на основа на тоа ќе генерира делови од тој свет.

Builder Bot е дел од големиот проект наречен Project CAIRaoke кој има за цел да креира вештачка интелигенција со која може да разговарате за сами да креирате виртуелни светови.

Судејќи по ова што го видовме, оваа технологија е во многу рана фаза и резолуцијата е значително пониска па тешко е сериозно да се претстави концепт низ недовршен проект, сметаат и дел од твитерџиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e