За овие хороскопски знаци велат дека се најголеми егоисти

На егоистичните луѓе им е најважно да си угодат себеси, а астрологот Алис Алта има одговор на прашањето кои хороскопски знаци се најлоши во тој поглед.

Овен
Овенот има став „прво јас, а потоа сите останати“. Луѓето родени во овој знак често претпоставуваат дека и другите луѓе го сакаат тоа што тие го сакаат. Донесуваат заклучоци врз основа на нивните сопствени претпочитања, а покрај тоа се многу нетрпеливи, па ако некаде постои ред за влез, без проблем ќе украдат нечие место.

Лав
Лавот има потреба да биде во центарот на вниманието и постојано се труди да ја има најдобрата облека, најсмешната приказна и најубаво уредениот дом.

„Тие се склони да ги ставаат своите желби и интереси на прво место, бидејќи едноставно не сфаќаат зошто треба да се задоволат со нешто помало“, вели астрологот.

Живеат како да им е предодредено да се чувани и разгалени.

Бик
Биковите се познати по својата тврдоглавост.

„Бикот има крути граници, кои понекогаш се добри, но може да делуваат непопустливо“, вели Алис.

Бикот е свесен за својот имиџ, па затоа неговиот изглед понекогаш му е поважен отколку, да речеме, да му се помогне на пријателот во неволја. За среќа, има и несебична особина, особено во љубовта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e