Во Јапонија има повеќе станици за полнење на електрични автомобили отколку бензиски пумпи

40 илјади наспроти 34 илјади. Ова е разликата помеѓу станиците на полнење на електрични автомобили и бензиските пумпи во Јапонија која се стреми до 2020г да има дури 2 милиони места за полнење на електрични автомобили.

Вештите лица од оваа сфера коментираат дека сепак овој број од 40 илјади не е реален бидејќи тука се пресметани и приватните станици од кои не можат да се служат сите граѓани.

Според некои истражувања, во Јапонија има 6469 јавни места за полнење, додека во Европа 3028 а во Америка 1686.

Инаку во зависност од батеријата, за едно полнење ќе ви бидат потребни од 20 до 60 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e