Денеска се слави Мала Богородица

Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) е еден од големите празници на Светата православна црква кој се прославува на 21 септември.

Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да и оддадат заслужено признание и на неговата мајка.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат.

Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

На Мала Богородица, исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани. Жените не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи.

На тој ден не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e