Внимавајте со апликациите – Фејсбук знае кога водите љубов!

Privacy International неодамна спроведе истражување во кое ги опфати апликациите за следење на менструалниот циклус, а резултатите вознемирија многу корисници.

Откриено е дека некои од апликациите поврзани со Facebook ги споделуваат и интимните податоци на корисниците, вклучувајќи ги нивните сексуални навики. На тој начин, Facebook располага со информации за тоа каква контрацепција користите, кога овулирате, какви симптоми имате и кога имате секс.

Од објавувањето на резултатите од истражувањето, само една од овие апликации направи измена на правилата за заштита на приватноста на корисниците.

Најпопуларните апликации се најпроблематични.

Овие апликации собираат прилично интимни податоци од корисниците, но и нивните партнери/партнерки, од општата здравствена состојба, бројот и времето на сексуални односи, расположение, прехранбени навики, па и кои производи ги користат за лична хигиена, контрацепција и слично.

Во замена за тие информации, апликациите на корисничките најчесто им нудат датум кога се најплодни или кога следен пат треба да добијат менструација.

Facebook влегува во приказната поради користење на алатката SDK (Social Development Kit), која им помага на апликациите да заработуваат од реклами што се појавуваат зависно од интересите на корисниците.

Period Tracker, Period Tracker Flo и Clue Period Tracker се најбезбедни апликации за следење на менструалниот циклус и плодните денови, кои не ги делат податоците со Facebook.

Меѓутоа, Maya, MIA и My Period Tracker, кои се едни од најпопуларните апликации за оваа намена, го прават токму тоа и не направија чекори за промена на правилата за заштита на приватноста на корисниците по објавувањето на извештајот на Privacy International.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e