Викенд хороскоп: Вагата ќе сонува за идилична љубовна приказна, јарецот ќе биде љубезен…

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои своите љубавни грижи ќе му ги доверат на пријател, други ќе ги скријат под тепих, а трети ќе се забавуваат со друштво без оглед на се.

Кариера

Ќе финиширате една задача која можеби ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе подолго време требаше да се заврши.

Здравје и совет

Излезете меѓу луѓе.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Сериозните теми ќе ги отфрлите на страна со помош на духовит разговор. Другата страна нема да ви замери.

Кариера

Се што ќе работите или евентуално што ќе предлагате, ќе мора да го објасните. Ќе бидете успешни во тоа.

Здравје и совет

Не се натпреварувајте со никого.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате потреба да заминете што подалеку од дома. Ако живеете со партнер, ќе треба тоа да го објасните: Ако не, ќе имате големи проблеми.

Кариера

Вашите замисли убаво напредуваат, а вие сте задоволни од резултатот. Денеска работете на детали.

Здравје и совет

Поврзете се со луѓе од други региони.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Во вториот дел од денот ќе станете поотворени за секаков вид дружење и забава, а ќе се појават и шанси за тоа.

Кариера

Со мали чекори ќе може да дојдете до значајна цел исто како и со големи. Затоа не се грижете ако напредокот е поставен.

Здравје и совет

Едноставно имајте верба.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Многумина ќе посакаат малку повеќе слобода или да се тргнат од грижите, затоа ќе побараат друштво без обврски.

Кариера

Вие сигурно можете и подобро, но моменталната ситуација тоа не ви го дозволува, само не ги обвинувајте другите.

Здравје и совет

Преземете одговорност.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во попладневните часови ќе се опуштите, а вашиот однос со саканата личност ќе се подобри.

Кариера

Ќе дојде до се подобра соработка меѓу вас и колегите. Ќе успеете да ги усогласите различните идеи и мислења.

Здравје и совет

Радувајте се. Има зошто.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Освен што добро ќе се забавувате, во вас ќе тлее потребата за да бидете главни. На партнерот тоа би можело да му оди на нерви.

Кариера

Копнеете за уште поголеми признанија од оние кои неодамна ги добивте. Би било подобро да сте поскромни.

Здравје и совет

Разбистрете си го умот.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Како што ќе минува денот, ќе забележите дека вашата најсакана личност станува се почувствителна. Бидете внимателни.

Кариера

Потрудете се уште малку и резултатите ќе се појават.

Здравје и совет

Треба повеќе да се рекреирате.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Истовремено ќе се забавувате и ќе сонувате за некоја идилична љубовна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео.

Кариера

Сакате да се пошегувате со колегите. Денеска ќе направите мала ситуација, но никој нема да ви замери.

Здравје и совет

Ќе ширите ведар дух.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе се вклучите во мрежата на весели луѓе кои се подготвени се да споделат со другите. Ќе биде тоа полн погодок за вас.

Кариера

Работата ќе ја вршите со песна. Едноставно ќе ви оди. Нема да поставувате непотребни прашања.

Здравје и совет

Добро е што не ги комплицирате работите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Веројатно е пријатно излегување и вашата популарност во друштвото. Но одвнатре и натаму ќе бидете празни.

Кариера

Без оглед што можеби ја знаете работата најдобро, ослободете се од потребата да доминирате. Треба да соработувате.

Здравје и совет

Издржете.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повторно ќе играте на карта на љубезност и убаво однесување, но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срце.

Кариера

Можеби нема најдобро да ве разберат, па затоа држете се до професионалните правила и стандарди. Така ќе ви биде полесно.

Здравје и совет

Наспијте се.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e