Викенд хороскоп: Што да очекувате следниве два дена!

ОВЕН
Ви претстои успешен и среќен викенд. Сè оди според планот и задоволни сте со тоа како се одвиваат нештата. На финансиски план, потребно е да донесете некои важни одлуки. Во љубовта, знаете да бидете посесивни без потреба.

БИК
Животот ќе ви се менува, а тоа неизмерно ќе ве радува. На љубовен план, понекогаш ви е тешко да се изразите со зборови, па нека ве водат емоциите во она што планирате да го направите.

БЛИЗНАЦИ
Не бидете пасивни и слободно кажете ги вашите идеи. Преземете акција на финансиски план. Кога станува збор за љубовта, разговорот е секогаш најдобра идеја за да избегнете недоразбирања.

РАК
Викендов ќе имате потреба за поголема приватност и за поблизок контакт со природата. Ќе бидете весели и оптимистични, но ќе чувствувате и потреба за мир и хармонија. Бидете внимателни. Може да направите кардинални грешки во односот со партнерот. Ќе дознаете нови работи поврзани со него.

ЛАВ
Ќе вложувате многу енергија да ги контролирате вашите емоции. Комуникација може да биде комплицирана и тешка. Не донесувајте избрзани одлуки. Доколку сте во врска можни се проблеми со партнерот кои ќе се решат само со отворен разговор.

ДЕВИЦА
Ако сте во врска ве очекува добар и стабилен период. Ќе се разбирате со партнерот и ќе ја зајакнете врската. Доколку не сте во врска ќе запознаете личност која ќе ве разбира на сите нивоа. Сепак, можни се и компликации. Пазете се од погрешни одлуки.

ВАГА
Овој викенд е создаден за љубов, страст, сензибилност, магнетизам и шарм. Доколку сте слободни ве очекува нова врска, а доколку сте во врска, зајакнување на истата. Ќе бидете повеќе опуштени и нема да се плашите од ништо.

СКОРПИЈА
Бидете отворени за промени кои се случуваат одеднаш. Осамените ќе бараат стабилна и цврста врска. Ќе бидете темпераментни и нервозни. Фокусирајте се на своите мисли, бидејќи партнерот може погрешно да ве разбере.

СТРЕЛЕЦ
Работите ќе се одвиваат онака како што вие сакате. Релаксирајте се со читање на книга, прошетка и пријатни разговори со најблиските. Ве очекуваат бројни бенефиции во вашиот љубовен живот. Ќе изгледате попривлечно и ќе добивате многу покани за состаноци.

ЈАРЕЦ
Забавувајте се што е можно повеќе. Сензуалност ќе биде она што ќе ви го одбележи викендов. Ќе ја подигнете врската на следно ниво. Потребни ви се мир и рамнотежа во животот, како и релаксирачка комуникација со партнерот. Ако не сте во врска ќе поминувате многу време во разговори на телефон, интернет или лице во лице со личноста која ви се допаѓа.

ВОДОЛИЈА
Желбата за секс за една вечер, или за авантура, ќе имате можност да си ја остварите токму денеска. Но, внимавајте, пазете со кого ќе бидете, бидејќи може да ви се случат несакани последици. Учествувајте во што повеќе собири со пријателите.

РИБИ
Во љубовта ќе се соочувате со проблеми. Или ќе продолжите со големи промени во односот или ќе раскинете со партнерот. Имате потреба за интима. На крајот од денот можно е некој ваш пријател да ви изјави љубов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e