Викенд хороскоп: Бидете подготвени за предизвиците!

ОВЕН
Овој викенд ви носи многу интересни откритија. Некое ветување ќе биде одржано. Венера ви носи мигови кога многу нешта ќе излезат на виделина од кои ќе бидете изненадени. Некој може да ги сподели своите чувства со вас. Имате многу нешта за кои треба да бидете благодарни.

БИК
Да се биде знакот Бик често се наоѓате во позиција да одите со главата во ѕид и тоа не ви донесува ништо добро. Токму тоа и го правите во овој момент обидувајќи се да продредете до нешто што очигледно не е за вас. Откажете се навреме и заштитете се себеси од болка и разочарување. Имате некои сомнежи кои се вистинити. Овој викенд ќе морате да донесете важна одлука.

БЛИЗНАЦИ
Еднаш кога ќе добиете се што ќе посакате, што ќе направите следно? Ќе морате да пронајдете нешто друго кое ќе го посакувате. Вселената ќе ви ги исполни сите желби, не очајувајте, но тоа може да ве натера да се чувствувате празно и незадоволно после тоа кога веќе нема да имате што да посакувате.

РАК
Немојте само да седите и да чекате нештата да се случат сами од себе, превземете нешто. Не постои поента само така да очекувате дека вашите соништа ќе се случат. Имате моќ да ги остварите сите цели кои ги посакувате и треба да ја искористите. Некоја идеа во вашата глава звучи одлично, па почнете да кроите план како да ја претворите во реалност.

ЛАВ
Немојте да мислите дека вашите желби се заборавени, затоа што само кога ќе помислите дека ништо од тоа нема да се оствари – ќе бидете изненадени. Венера влегува во Шкорпија а тоа ќе ве направи попривлечни за спротивниот пол. Ќе имате магнетна привлечност и ќе шармирате наоколу.

ДЕВИЦА
Сметате дека досега сте ризикувале многу нешта за љубовта и веќе не вреди да го правите тоа повеќе. Но ќе бидете изненадени кога ќе запознаете личност која е подготвена да ризикува исто толку за вас колку и вие за нив. Секогаш посто инадеж. Подгответе се за голема позитивна промена во вашиот живот.

ВАГА
Дали секогаш кога сте превземале ризици и сте се впуштале во авантури сето тоа завршувало лошо? Епа не повеќе. Очекувајте доста интересни моменти и мигови кои ќе ги помните засекогаш. Што и да се одлучите ќе бидете правилно и нема да направите грешка. Верувајте си на себеси.

ШКОРПИЈА
Ќе собирате парчиња за да ги комплетирате нештата кои ви недостигаат. Не грижете се, комплетната слика ќе биде поубава отколку што изгледа сега. Венера се подготвува да влезе во вашиот знак а тоа ќе направи вие да бидете центарот на сите случувања. Се ќе ви оди од рака и среќата ќе биде на ваша страна.

СТРЕЛЕЦ
Ако бидете искрени можете да постигнете се што ќе посакате. Најважно е да ги искажете вашите желби. Верувајте му на својата пресуда кога е во прашање донесувањето на важна одлука. Поседувате општа свест и знаете добро да расудувате. Овој викенд треба да превземете некој ризик.

ЈАРЕЦ
Сакате да започнете нов проект но не знаете како, сметате дека ја немате потребната поддршка. Понекогаш се чувствувате како сето тоа да води кон пропаст. Потребна ви е мотивација, охрабрете се сесбеси, исходот ќе биде подобар отколку што мислите. Овој викенд ќе добиете знак дека никогаш не треба да престанете да се надевате.

ВОДОЛИЈА
Вие сте одличен водач а другите се инспирирани од вашата храброст и авторитет. Продолжете така. Вашите инстинкти се одлични и секогаш знаете на кој начин да им пристапите на проблемите и како да ги решите во коренот. Некој проблем од минатото се навраќа, останете смирени.

РИБИ
Направете ги некои нешта додека сеуште е вистинско време, подоцна можете да се каете. Луѓето околу вас се согласуваат со вашите идеи. Почнувате да копате со надеж дека ќе откриете нешто важно, но внимавајте можете да откриете нешто што нема да ви се допадне. Ќе морате да почнете да го гледате светот од поинаква перспектива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e