(ВИДЕО) Патничките авиони ќе летаат како птиците во јато

Патничките авиони, како што предвидуваат стручњаци, во блиска иднина ќе може да летаат во формација како што тоа го прават птиците во јато.

Според стручните лица, птиците се неприкосновени мајстори на аеродинамиката. Без обѕир колку суперкомпјутери и научници ги пресметуваат летовите, не можат да ги достигнат природните летачи. Имајќи го тоа предвид, Ербас разработува формациско летање по примерот на птици во јато.

Она што е карактеристично за овој вид лет е „В” формацијата и аеродинамиката при сѐ тоа.

Првите тестови на формациско летање почнаа во март годинава, а како што се најавува, тие ќе продолжат догодина. Од Ербас појаснуваат дека вака, може да се заштеди до 10 отсто гориво при летот. Оваа технологија на летања во најголема мера може да биде од помош на подолги релации што дозволуваат авионите да патуваат близу еден до друг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e