(ВИДЕО) Oва го може само Шер: Пејачката во контроверзниот костим и во осмата деценија од животот

Неповторливата музичка дива Шер, родена како Шерилин Саркисјан, денеска го слави својот 74-ти роденден, а музичката икона во својата осма деценија од животот го носи контроверзниот костум од музичкото видео за песната „If I Could Turn Back Time “ во која пее опкружена со ентузијастички морнари.

Од легендарното видео поминаа 31 година, но Шер изгледа феноменално во една од нејзините незаборавни „облеки“. Божицата на попот, како што се нарекува Шер, сепак носи малку помалку оскудна верзија на познатиот костум со кој настапи тогаш, но гордо покажува дека сè уште го има телото на божица дури и во своите седумдесетти години.

Атрактивниот леопард, кој всушност е костим за капење составен од две тесни ленти кои ги покриваат „сришните“ места во предниот дел, додека само средината на задникот во задниот дел, Шер во видеото го носеше со црна кожна јакна, високи самостоечки чорапи и тесни црни чизми. Под нејзиниот косим, таа носи проѕирно боди што го прави нејзиниот изглед попредизвикувачки.

Видеото е снимено во Лос Анџелес во петок вечер, на 30 јуни 1989 година, на американскиот морнарички брод „Мисури“, а во видеото се појавува и нејзиниот син, Елија Блу Алман, кој тогаш имал само 12-години. Тој свири на гитара, носи очила за сонце и маица со Џими Хендрикс.

Американската морнарица дозволила ова видео да се снима на нивниот брод, бидејќи сметале дека тоа е можност да им се зголеми бројот на регрути во морнарицата.

Нејзиниот спот, поради костимот што го носела, изгледал многу контроверзно, па многу телевизии одбиле да го емитуваат. Подоцна некои од нив прифатиле, но по 21 часот. Раководството на морнарицата биле изненадени бидејќи им била кажано дека пејачката ќе носи комбелизион.

Морнарите веќе биле на своите места, а бендот започнал да свири кога Шер се појавила во ова неочекуваното издание. Полковникот Стив Хонда од канцеларијата на морнарицата во Холивуд побарал веднаш да се прекине снимањето и Шер да се пресоблече во нешто понормално, но режисерот Марти Калнер одбил.

Песната „Ако можев да го вратам времето“ се сметаше како голем „кам бек“ на Шер на сцената, а видеото за оваа песна без сомнение придонесе за нејзиниот глобален успех.
Сè друго е историја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e