(ВИДЕО) Ова е најпопуларното видео на интернет деновиве

Познатата американска актерка Синтија Никсон е нараторка во нова кампања чија цел е зголемување на почитта кон жените. Актерката која најмногу е позната по улогата во серијата „Sex and the City“ цитира зборови од блогерката Камила Рејнвил.
Видеото со наслов „Be A Lady, They Said“ (Само биди дама, велат) содржи низа пораки кои секоја жена треба постојано да ги слуша, а се во стилот:

„Многу ти е кратко здолништето. Многу ти е долго здолништето. Панталоните ти се претесни. Не покажувај премногу голотија. Покриј се. Не ги покажувај градите. Биди секси. Воопшто не си привлечна. Немој толку да бидеш провокативна. Сама си го бараше. Носи црно. Облечи високи потпетици. Има премногу облека на себе. Имаш премалку облека“.

„Изгледаш преслабо. Премногу си се дотерала. Не биди дебела. Не биди крупна. Јади. Треба да ослабиш. Престани толку да јадеш. Нарачај салата. Не јади десерт. Држи диета. Внимавај што јадеш. Изгледаш како да си болна“.

Ова моќно триминутно видео е нешто што едноставно не треба да го игнорирате. На сите треба да ни биде потсетник дека жените постојано се изложени на критики, без разлика како се облечени или како се однесуваат или како изгледаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e