(ВИДЕО) Не оставајте шише со вода во автомобилот – Еве каква штета може да предизвика!

Во овие жешки денови преплавени сме со советите како мора да внесуваме доволно течности и да бидеме хидрирани. Шишенцата со вода вообичаено ги носиме секаде со нас, а понекогаш ги забораваме и во автомобилот, целосно несвесни дека на тој начин може да предизвикаме голема штета, односно пожар.

Имено, силната сончева светлина која поминува низ шишето со вода како низ лупа, може да го запали седиштето, теписонот или било кој платнен дел од внатрешноста на автомобилот.

На оваа опасност предупредија и многумина преку видео кои веќе пробале дали ова е возможно и верувајте возможно е! Затоа отсега никојпат не ги заборавајте пластичните шишиња во автомобилот. Во спротивно погледнете што би можело да ви се случи…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e