(ВИДЕО) Мечка брка скијач на патека во Романија

Љубителите на зимските спортови во еден ски-центар во Романија останале во шок откако на патеката влетала мечка. Неверојатната сцена, снимена од еден од скијачите кој во моментот бил на жичницата, се случучила во познатото романско скијалиште Предеал.

Мечката почнала да брка еден скијач. Додека тој се обидувал да спаси жива глава, луѓето кои биле на жичницата паничко врескале со намера да го привлечат вниманието на животното.

Скијачот по кого тргнала мечката успеал да се спаси благодарение на ранецот што го имал на себе. Во еден момент го фрлил ранецот и така ја запрел мечката, која се посветила на ранецот,доека скијачот успеал да се оддалечи од животното.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e