(ВИДЕО) Како да отворите вино со плутена тапа доколку немате отворач

Мора да ви се случило, најмалку, сто пати да не можете да го извадите чепот и да отворите шише вино на нормален начин.
Ние ви нудиме неколку алтернативни решенија за овој проблем:

Едноставно втурнете го чепот во шишето со дрвена лажица или некоја друга слична кујнска алатка и ќе можете да го конзумирате виното.
Користете ги клучевите од автомобилот или куќата – забодете ги во чепот и полека притискајте подлабоко.
Нешто поопасен метод – секогаш можете да користите нож, но водете сметка за прстите.
Две варијанти со загревање – или загрејте го вратот на шишето со запалка и чепот полека ќе излезе, или загрејте сад со вода и ставете го шишето во него, ефектот ќе биде ист по кратко време.
Веројатно најлудиот начин – ставете го шишето во чевла или патика и ритмички удирајте во цврстата подлога, а чепот ќе излезе по некое време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e