(ВИДЕО) Дедо се бори со алигатор за да спаси мало кученце

Алигаторот скокнал од езерото и го грабнал кутрето, па пензионерот започнал борба за да го спаси.

Пензионерот рекол дека адреналинот се втурнал во него кога алигаторот го зграпчил неговото кученце, па тој веднаш скокнал по него и започнал да се бори со алигаторот за да го спаси миленичето. Вилбанк се обидел да ги отвори вилиците на алигаторот за кучето да може да избега, и на крајот успеа во тоа и кучето поминало само со една убодна рана.

Пензионерот претрпел малку повеќе повреди на рацете, но на крајот сите протагонисти ја преживеаја средбата и се вратија во нивното природно живеалиште. Снимката од целата пресметка е снимена од камери поставени околу езерото, па пензионерот стана вистински хит на Интернет, но тој признава дека во иднина ќе оди на поголема оддалеченост од езерото и ќе го чува кучето подалеку од него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e