(ВИДЕО) Американка го прослави 107-иот роденден и ја откри тајната на долговечноста

Луис Сигноре од Њујорк го прослави својот 107-ми роденден со пријателите и голем број новинари, а сите присутни беа љубопитни за тоа како успеала да доживее длабока старост и која е тајната на долговечноста. Симпатичната баба вели дека доживеала длабока старост бидејќи никогаш не се омажила.

„Дефинитивно е тајна. Сестра ми рече дека посакува никогаш да не се омажила“, вели Луис, која на семејството и . пријателите им забрани да и прават роденски забави кога наполни 100 години, но тие не ја послушаа.

Луис е многу здрава жена за нејзина возраст, зема само една пилула на ден заради висок крвен притисок. Пред неколку години, таа беше ограбена на улицата кога крадец ја бутна на земјата, но таа не се плаши.

„Во добра форма сум и секако дека и понатаму излегуван на прошетки”, вели бабата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e