(ВИДЕО) 89-годишен доставувач на пица доби 12.000 долари бакшиш, па заплака од среќа

89-годишен доставувач на пица остана во неверување кога еден од неговите редовни клиенити го награди со бакшиш од 12.000 долари.

Дерлин Њуви не можел да поверува кога во вторникот семејството Валдес му го дал бакшишот. Имено, Карлов Валдез кој е и ТикТок ѕвезда покренал кампања за собирање средства за него.

Доставувачот работи 30 часа неделно во ресторанот Папа Џонс Пица за да скрпи крај со крај. Претходно овој месец му доставил пица на популариот ТикТокер без да знае дека токму тоа ќе му го промени животот.

Веста стигна и до локалните медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e