Вакцината против коронавирус најверојатно во две дози?!

Луѓето најверојатно ќе мораат два пати да се вакцинираат против новиот коронавирус за да стекнат целосен имунитет пренесува „ USA Today“.

Двете дози најверојатно ќе треба да се примат во рок од околу еден месец, можеби ќе биде потребно неколку години подоцна да биде потребно да се прими и дополнителна доза.

Научниците од целиот свет работат на создавање на вакцина против вирусот САРС – ЦоВ-2, предизвикувачот на ковид -19, и сега веќе има назнаки како би можела да изгледа вакцината .

Двете дози се веројатни, поради тоа што САРС – ЦоВ-2 е нов вирус и никој нема антитела против вирусот.

Првата доза ќе треба да го подготви имунолошкиот систем и да помогне во препознавање на вирусот, а со втората доза би се засилил имунолошкиот одговор.

При првата доза имунолошкиот систем реагира на нешто со што досега не се сретнал. Потоа тоа го процесира и запаметува, развива антитела и имунолошки станици, а за тоа на човечкиот организам ќе му бидат потребни околу 14 дена, велат стручњаците.

Во моментов низ светот има повеќе од стотина кандидати за вакцина кои се во различна фаза на испитувања, за скоро сите се очекува да бидат во режим на две дози, истакнал имунологот и професор по јавно здравје на Харвард Бери Блум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e