Твитер почна да идентификува ботови

Твитер сака да го реши „проблемот“ околу ботовите на својата мрежа, па затоа ќе ги означува во иднина.

Твитер тестира нова опција, па отсега ботовите ќе бидат означени и луѓето полесно ќе ги идентификуваат тие профили.

Отсега, на профилите на ботовите ќе пишува „Аutomated“, а дополнително, ќе пишува кој е одговорен за профилот на ботот.

На тој начин, корисниците ќе знаат за што станува збор и со кого комуницираат.

Се разбира, ќе бидат означени само оние профили што ги користат девелоперите и кои се корисни.

Сите девелопери ќе добијат ознака на нивните бот профили до крајот на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e