Трик со кој ќе ја подобрите изолацијата во домот!

Ладните денови пристигнаа и сега мора да се догреваат бањата, собите и целиот дом.

Сите го обожаваме оној момент кога од ледените температури надвор конечно ќе пристигнеме во топол дом, но што ако имаме лоша изолација на вратите и прозорците?

Овој едноставен трик ќе ви заштеди и на топлина и на струја или огрев, а со самото тоа и пари!

Сè што треба да направите е да купите гумена дихтунг лента и со неа да ги обложите рабовите на вратите и прозорците.

Оваа лента е одлично решение и ако имате пукнатини во столаријата или околу неа – бидејќи е многу еластична, можете да откинете парченце и со неа да ја пополните дупката.

Студениот воздух повеќе нема да може да влегува, а вашиот дом ќе биде значително потопол со малку труд и потрошувачка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e