Треба ли да го откажете патувањето поради коронавирусот?

Многу патници се прашуваат дали треба да го откажат патувањето поради коронавирусот.

Коронавирусот се шири со огромна брзина. Ширум светот се забележани над 80 илјади случаи на заразата, а починати се речиси три илјади луѓе.

Официјалните здравствени лица засега не издадоа препораки кои би предизвикале бран на откажување на годишните одмори.

„Откажувањето на патувањата во моментот на шриење на коронавирусот главно е лична одлука која патниците мораат да ја донесат во склоп со достапните факти“, рече Пол Метселар, челник на „Ovation Travel Group“,

Додава дека тоа е така бидејќи за поголемиот дел од светот нема официјални ограничувања за патување.

Прашања кои би требало да си ги поставите пред откажување на патувањето поради коронавирусот:

1. Дали во вашата крајна дестинација има заразени со коронавирус?
2. Дали сте дел од популацијата за која коронавирусот би можел да има тешки последици?
3. Дали имате патно осигурување?
Каде патувате?

Најважен критериум за откажување на патувањето е дестинацијата.

Проверете ги советите на Министерството за надворешни работи за патување во одредена земја, но не се потпирајте само на еден извор – проверете ги упатствата и на страниците на владите на другите држави.

Какво ви е здравјето?

Ако размислувате за откажување на патувањето поради коронавирусот, вашето здравје е важно прашање.

„Дали сте постар, имате ли хронична болест или се вашиот имунитет е компромитиран? Се грижите ли за некој постар или болен? Сакате ли поголем период од времето да го поминете во преполни јавни простории или да делите соба во хостел? Ако одговор на било кое од овие прашања е потврден, можеби треба да разгледате откажување на вашето патување“, вели докторката и травел-блогерка Надин Вајт за „Форбс“.
Имате ли патно осигурување?

Патното осигурување може, но не мора да помогне.

„Многу е важно патниците да ги проверат условите за осигурување за да бидат сигурни дека тоа ќе ги покрие евентуалните трошоци.“

Треба ли да го откажете своето патување поради коронавирусот?

Многу патници настојуваат да ги спроведат своите планови. Меѓу нив е и Хана која патува за Инсбрук.

„Не откажувам. Патувам следниот четврток и дотогаш многу може да се промени. Меѓутоа, засега нема ограничувања и ги „стискам палците“ да остане така“, рекла Хана за „Форбс“.

Дона Манз, туристички агент, вели дека стравовите на луѓето не треба да се отфрлаат или да се омаловажуваат.

Ги советува клиентите од ризичните категории да останат дома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e