Тајсон претстави колаче од марихуана во облик на увото на Холифилд

Славниот Мајк Тајсон кон крајот на минатата година лансираше негова линија на производи од канабис, а сега претстави нов производ од марихуана, што е во облик на уво.

Дваесет и пет години откако е дисквалификуван од првенството на Светското боксерско здружение во тешка категорија, бидејќи искина парче од увото на противникот, Тајсон претстави нов производ наречен „Mike Bites“ во облик на увото на Ивандер Холифилд.

Производот ќе се продава во амбуланти во Калифорнија, Масачусетс и Невада.

За потсетување, пред 25 години Тајсон доби реванш против Ивандер Холифилд, но веќе во втората рудна целиот спектакл се претвори во скандал откако Мајк му искина парче од увото на Холифилд и мечот мораше да биде прекинат.

Години подоцна, Холифилд и Тајсон си подадоа рака пред ТВ камерите. Мајк се извини, а Холифилд јавно во прифати извинувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e