Ставете го ова на дното од саксијата и ниту едно растение нема да ви свене

Обожавателите на цвеќиња ќе применат овој трик веднаш. Нема нешто поубаво од убава рајска градина и цвеќиња кои постојано цутат, за жал не секогаш тоа може да ви оди од рака, но затоа во продолжение ви откриваме мала тајна со која ќе постигнете да имате цвеќе кое постојано ќе биде убаво и свежо.

Овој трик го користат дури и во професионалните цвеќарници. Сè што ви е потребно е хартиен филтер за кафе. Досега се покажало дека тоа е навистина корисно за растенијата, а еве како да го користите:

Хартиениот филтер ставете го на дното од саксијата, помеѓу земјата и одводните отвори на саксијата, каде што вообичаено поминува водата и прашината. Кога ќе го направите тоа, филтерот ќе пропушти вода, а ќе ја задржува прашината.

Како тоа ќе влијае на подобрување на растот на растението?

Многу често прашината ги затвора отворите од саксијата, а тоа спречува вишокот вода да помине низ нив. Тоа може да предизвика гниење и пропаѓање на самиот корен од растението и да доведе до негово овенување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e