Сите честички на коронавирусот кои во мигов кружат низ целиот свет, може да се соберат во една лименка

Сите честички на коронавирусот кои во мигов кружат низ целиот свет, може да се соберат во една лименка од „Кока-Кола“, пресмета британскиот математичар Кит Јејтс.

Според пресметките на научникот од Универзитетот во Бат, Велика Британија, во овој миг на планетава кружат околу два квинтилиони (со 18 нули) единки од Ковид-19. До оваа бројка тој дошол комбинирајќи ги светските податоци за бројот новозаразени и проценка на количината на вирус по лице. Врз основа на тоа, тој го пресмета и вкупниот волумен на вирусот – една лименка „Пепси“.

Од почетокот на пандемијата речиси 108 милиони луѓе биле заразени со Ковид-19 ширум светот, а 2,6 милиони луѓе починале од последици на болеста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e