Секс два пати дневно наместо теретана: “Затегната сум и одлично расположена“

Иако можеби не може во целост да го замени вежбањето во теретана, досегашните студии докажале дека сексот согорува калории, а колку е побрз и пострастен, толку повеќе ќе успеете да ги стопите масните наслаги во телото.

За среќа, Рутеша од Австралија одлучила да ги заштеди своите пари и во истовреме да го обликува телото, а своето сексуално искуство го споделила со луѓето ширум светот.

Како алтернативен вид на вежбање, Рутеша во договор со својот партнер решила секој ден да има секс и тоа два пати дневно, а покрај тоа да го следи својот експеримент и да ги запишува резултатите кои ги остварува.

Ако некогаш ве интересирало колку калории можете да согорите преку сексуалната активност, Рутеша пресметала дека 30-минутен секс, вклучувајќи ја и предиграта, согорува 150 калории.

Првиот ден од нејзината фитнес рутина бил многу успешен, а Рутеша признала дека долго време немала мирен сон како таа ноќ, благодарение на серотонинот.


По неколку дена, оваа девојка сфатила дека е тешко да се држи до својата цел, бидејќи за секој ден преку секс да троши од 200 до 250 калории, таа морала да биде уште покреативна во креветот, а тоа би значело дека сексот би требало да стане еден вид задача која мора да ја извршува секојдневно.

Меѓутоа, Австралијанката признала дека не ѝ одговарал големиот број на постигнати оргазми бидејќи “ги имате толку често и со самото тоа веќе не ги доживувате на ист начин како претходно”.

“Ако не успеете да доживеете оргазам се чувствувате фрустрирано, а кога го доживувате секој ден по неколку пати, сфаќате дека сте изморени”, вели оваа девојка.

View this post on Instagram

Summer skies. Pretty lies. ☀️

A post shared by @ _rutesha_ on


Во целина крајниот резултат бил одличен – таа тврди дека е позатегната во однос на перидот пред експериментот, но и во однос на деновите кога вежбала во теретана. Но, освен физичките резултати, Рутеша признала дека сексот драстично ѝ го подобрил расположението и со самото тоа станала поопуштена и посамоуверена.

Уште една работа која вреди да се напомене е дека Рутеша и нејзиниот партнер се чувствувале многу поповрзани отколку претходно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e