Само 30 отсто од Бугарите си ги мијат забите

Само 30 отсто од Бугарите си ги мијат забите. Тоа го соопшти за Бугарската национална телевизија претседателот на Бугарскиот стоматолошки сојуз д-р Николај Шарков.

Тој посочи дека недостатокот на профилактика, лошата хигиена и систематското занемарување на оралното здравје се причините за застрашувачката забна слика во Бугарија.

Официјалните статистики покажуваат дека 18-годишниците во Бугарија имаат просечно 6 кариеси и 1 трајно изваден заб. И во возрасната група од 35 до 44 години, бројот на извадени заби се зголемува на 6.

– Бугаринот не купува паста за заби, нагласи Шарков.

– Според наши анализи, само околу 30 отсто купуваат често четки за заби и исто толкав број и паста за заби. Ова е она што се обидуваме да го промениме. Тие не си ги мијат забите. Покрај тоа, четките треба да се заменуваат на секои три месеци, изјави Шарков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e