Пронајдена сперма од рак, стара 100 милиони години

Палеонтолози од Мјанмар го пронајдоа најстариот примерок на животински сперматозоид. Тој бил сместен во парче килибар старо 100 милиони години.

Научниците го откриле примерокот во полови органи на прастар женски рак, заглавен во смола. Претходно непознатиот вид рак, сега е наречен „Мјанмар Сајпрус хуи“.

– Женката се спарила кусо пред да заталка во смолата… Ова е најстариот фосил во кој се најдени клетки на сперма, рече Хе Ванг од Кинеската академија на науките во Нанжинг.

Претходната рекордна старост на примерок од сперма беше 50 милиони години. Му припаѓала на прастар вид црви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e