Повеќето руски лекари не би се вакцинирале со новата вакцина „Спутник V“

Повеќето руски лекари не би се вакцинирале со новата руска вакцина против „Ковид-19“ заради недостаток на доверливи податоци и невообичаено брз процес на одобрување, покажа истражувањето спроведено на 3.000 медицински работници во петокот.

Русија објави дека првата светска вакцина против коронавирус ќе биде подготвена за употреба кон крајот на август и дека лекарите ќе бидат меѓу првите што ќе ја примат на доброволна основа.

Вакцината „Спутник V“, именувана по првиот сателит лансиран од Советскиот сојуз во 1957 година, допрва треба да ја помине последната фаза на тестирање, а некои научници стравуваат дека Русија е подготвена да ја жртвува безбедноста за престиж.

Истражувањето на 3.040 лекари покажало дека 52 проценти не биле подготвени да ја примат вакцината, а 24,4 проценти се согласиле да се вакцинираат, објави РБЦ.

Само една петтина од испитаниците изјавиле дека вакцината ја препорачуваат на пациенти, колеги и пријатели.

Нивниот став го делат голем број Руси кои велат дека се плашат да ја примат вакцината, додека други се согласуваат со владата дека сомневањето на западните експерти е мотивирано од љубомора.

Руската вакцина ќе биде одобрена пред вообичаените испитувања на илјадници луѓе, позната како фаза III. Оваа фаза е клучна за вакцината да добие зелено светло од регулаторот.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека вакцината, изработена од московскиот институт „Гамалеј“, е безбедна и веќе ја примила неговата ќерка.

Министерот за здравство Михаил Мурашко ги отфрли критиките дека вакцината е небезбедна како „неосновани“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e