Погребана осумгодишната Анабела која почина на првиот школски ден, a не се познаваше со родената мајка

Малечката Анабела Џонкиќ која имаше само 8 години и чие безживотно тело во вторникот е пронајдено во реката Дунав, во својот краток живот доживува вистинска драма – нејзината мајка никогаш не ја запознава, и нејзините полубраќа и полусестри одбиваат да ја чуваат кога нејзиниот татко е во затвор, дознава српски „Блиц“.

Трагичната судбина на Анабела која беше миленичка на целото село Костил блиску Кладово, ги потресе сите и ги остави во жал и неверување.

Ја пронајде соседот со чии внуци играла претходно тој ден. Тоа било последниот пат кога ја виделе жива.

Нејзиното тело беше пронајдено во вторникот наутро во Дунав, а како Анабела во текот на вечерта стигнала таму, се уште не е познато. Не се пронајдени траги од насилство на телото.

– Се претпоставува дека девојчето излегло од собата во текот на вечерта и отишло на брегот. Според претпоставките, таа најверојатно се сопнала и паднала во реката. Бидејќи не била добар пливач, се удавила, а нејзиното тело беше пронајдено стотина метри подолу – вели извор од истрагата.

Животот на Анабела во никој случај не беше лесен. Нејзиниот татко Миле Џонкиќ го држеше хотелот во местото и се сметаше за богат. Веќе беше во сериозни години кога чистачка од неговиот хотел забремени од него. Беше бремена, го остави бебето и си замина. Како што дознаваат соседите, таа брзо се премажила. Каде е сега, никој не знае. Тие велат, слушнале, дека има и други деца. Таа не се јави, ниту дојде, кога се рашири веста за малата Анабела.

Таткото Миле, има син и ќерка кои се возрасни, и тие имаат свои деца, млади луѓе. Со нивната мајка е одамна разведен. Потоа со години се судеа, бидејќи не плаќаше  алиментација за децата.

Кога Анабела имаше само една година, дојде пресудата. Миле мораше да оди во затвор затоа што не ја плати алиментацијата. Судот го зеде неговиот хотел и таткото на девојчето остана без ништо. Имаше само една куќа во Костол.

Тој замина во затвор, а Центарот за социјална работа ја презеде малечката и исконтактира со синот и ќерката на Џонкиќ. Ги прашаа дали можат, како нејзини најблиски роднини, да се грижат за малечката сестра. Тие одбија.

Анабела потоа беше испратена во згрижувачко семејство кое се грижеше за неа, додека нејзиниот татко беше во затвор. Откако излезе, тој повторно ја презеде грижата за девојчето.

Соседите велат дека Анабела  сакала да оди насекаде со него. Од друга страна, тие додаваат дека тој е постар човек и можеби не можел да се грижи за неа како што треба.

Додека некои мислеа дека Миле е богат човек, вистината беше поинаква – Миле имаше мала куќа и живееше таму со девојчето. Од Центарот за социјална работа побара финансиска помош за изградба на нејзината соба пред да тргне во прво одделение. Тие му помогнаа. Живееја само од неговта инвалидска пензија.

Сепак соседите коментираат дека девојчето често скитало по улиците или кај Дунав. Велат дека честопати барала пари или храна.

Згрижувачкото семејство која ја дозна веста за смртта на Анабела, остана во шок.

– Таа беше три месеци со нас. Ние сме ужасно потресени. Таа беше преубава и препаметна- раскажуваат низ солзи.

Осумгодишното девојче беше пронајдено мртво во вторникот изутрина. На нејзиното тело немаше знаци на насилство. Кога на нејзиниот татко му беше соопштено дека е пронајдено телото на девојчето, тој имаше нервен слом. Оттогаш е во болница со тешка психичка состојба.

– Анабела многу го сакаше тато и тој ја сакаше. Што се случи тој ден кога се удави навистина не знам, сите ние сме во шок – изјави Слаѓан Џонкиќ, полубратот на Анабела.

Со растреперен глас Џонкиќ раскажа дека ја видел девојката во петокот минатата недела, кога отишол да се поздрави со неа и нивниот татко пред да замине во Грција на одмор.

– Таа беше прекрасно дете. Во петокот и донесов бонбони. Таа беше пресреќна- завршува Слаѓан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e