Починал додека имал секс на службено патување, компанијата ќе мора да плати оштета

Додека бил на службено патување , работник во француските железници починал за време на секс со проститутка .
Судот донесе пресуда француската железничка компанија да ја плати отштетата за семејството на мажот , зашто тој бил на службен пат и починал на работното место. Судот во Париз смртта на мажот , наречен Ксавиер К. ја прогласи за ,,смрт на работно место” , односно повреда на работа, така што семејството добива право од милионска отштета.

Компанијата тврди дека мажот не извршувал професионални должности кога во хотелската соба донел непозната жена. Сепак, според францускиот закон, работодавецот е одговорен за секоја несреќа што се јавува на службено патување, објасни судијата.

Човекот, работел како инженер за ТСО во близина на Париз. Починал во хотел на службено патување во централна Франција во 2013 година, во како што го опиша работодавачот, „вонбрачни активности со непознато лице“.

Компанијата се обиде да ја оспори одлуката што ја поддржа националното здравствено осигурување. За осигурувањето, сексуалната активност е нормална „како туширање или јадење“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e