Почина најстариот човек на светот, еве колку години имаше

Најстариот човек на светот – Сатурнино де ла Фуенте Гарсија од Леон во Шпанија, почина на 112 години и 341 ден, објави Гинисовата книга на рекорди.

Во септември 2021 година, Гарсија го собори Гинисовиот рекорд за најстара личност во светот. Роден е на 11 февруари 1909 година и зад себе остави седум ќерки, 14 внуци и 22 правнуци.

Бил висок само метар и пол, поради што успеал да избегне учество во Шпанската граѓанска војна во 1936 година. Наместо тоа, почнал да работи како чевлар.

Гарсија еднаш како рецепт за долг живот изјави дека никој не треба да биде повреден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e