Овој хороскопски знак е против брак!

Омилен знак за многумина, но многу комплициран.

Кога запловуваме во брачните води, никогаш не можеме да бидеме сигурни дали тоа ќе трае цел живот, но ако ѝ се верува на астрологијата, овој хороскопски знак има најмалку шанси да остане во брак.

Родените во знакот на Водолија се најподложни на развод, а причината за тоа е нивната желба за слобода и независност, што значи дека нема врска со неверството и тие нагони.

Непредвидливата личност на припадниците на овој знак ги прави несоодветни за брак, бидејќи бракот е нешто што никогаш не го сфаќаат сериозно, дури и кога би се венчале, не би имале проблем да се разведат од партнерот доколку се чувствуваат лошо поради таа заедница.

Тие секогаш ќе го кажат она што им е на ум за да ја поправат ситуацијата пред таа непотребно да ескалира. Аверзијата кон конфликти е последица на нивната самодоверба. Многумина ќе речат дека на секој му треба Водолија во животот, но дека на Водолијата никој не и треба.

Сепак, понекогаш знаат да го идеализираат партнерот, но главно се рационални. Тие не се сентиментални или лажливи во врската. Тие претпочитаат пријателство отколку постојани и обврзувачки заедници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e