Оваа летна дестинација во Грција ги забранува лежалките

Општина Липси кажа „охи“ за лежалки на плажите на островот, охрабрувајќи ги туристите годинава да уживаат еколошки освестен летен одмор за да искусат автентични доживувања.

„Имплементираме стратегија која се смета за иновативна во Грција и Европа. Активно ја поддржуваме замената на пластиката и укинувањето на лежалките, избегнуваме да користиме автомобили на кратки островски релации“, рече Фотис Магос, градоначалник на Општина Липси.

Општината ги повикува патниците летово да го истражуваат Липси без автомобил, како и да се воздржат извесно време од технологијата и да уживаат во одмор со книга.

Според градоначалникот, туристичките работници на островот, исто така, се согласуваат со планот на општината да промовира автентично искуство за одмор и еколошки начин на размислување кај туристите кои го избираат Липси за одмор.

Грчкиот остров Липси се наоѓа во југоисточниот дел на Егејското Море и е дел од грчкиот архипелаг Додеканез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e