Со ова цвеќе привлечете пари во домот

Дури и ако не верувате во неговата моќ, можете да го засадите поради фантастичниот изглед

Овој период е најдобар за средување на домовите, чистење на нередот, подарување на се што повеќе не ви треба. Да се ​​ослободите од непотребните работи од куќата е и корисен и „магичен“ ритуал, бидејќи го ослободува многу потребниот простор, а експертите за фенг шуи тврдат дека исчезнува и негативната енергија.

За да ја зголемиме позитивната енергија треба да се ослободиме од црните и темните работи и да додаваме се повеќе бели и посветли тонови, да ги запишеме сите тешки емоции, лоши спомени и да ја запалиме таа хартија.

Се што треба да направите е да напишете нова листа на желби која сакате да ја исполните, а доколку сакате да привлечете пари, оваа пролетна билка е најдобра за тоа.

Вербената исто така се сметала за свето растение кај древните народи и од неа правеле дури и чаеви. Тоа е едногодишно растение, а добро расте и во жардињери на тераса и во бавчи. Расте до висина од околу 20 см, а ја има во црвена, розова, сина, виолетова и бела боја.

Многу лесно се одгледува, само треба умерено да се полева околу два пати неделно и да се крои за побујно да цвета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e