Оптичка илузија открива дали сте логичар или интуитивец

Кој мисловен процес стои зад донесувањето одлука?

Како заземате став за важно прашање? Дали понекогаш чувствувате во стомакот дека тоа би било вистинскиот избор за вас, но сепак правите нешто сосема друго? Можете ли да го предвидите исходот на ситуацијата многу порано?

Ви ги поставуваме сите овие прашања за да ви помогнеме да разберете дали повеќе користите логика или интуиција. Оваа оптичка илузија и она што прво ќе го здогледате исто така може да ви помогнат.

Можеби некогаш сте помислиле дека не е паметно да го слушате „внатрешниот глас“ кој ви дава индикации што и како да правите. Избирате да донесете одлука земајќи се во предвид, но повторно нешто не ви дава мир. Или ова никогаш не ви се случило, туку секогаш трезвено и детално размислувате како да решите некоја ситуација?

Прочитајте ги резултатите и дознајте по што се водите откако ќе ја видите фотографијата!

pinterest3-830x0-1

Ако прво видете тигар…

Вашиот ум е силен и кога ќе донесете одлука, никогаш не се сомневате во тоа. Не се прашувате дали е правилно или погрешно, затоа што сте свесни за мисловниот процес зад носењето на истата. Вие верувате во можноста на вашиот здрав разум и тој никогаш не ве изневерил.

Секогаш ја следите логиката и се потпирате на вашата интелигенција, ги земате предвид сите факти чие детално разгледување укажува на вистинскиот избор.

Ако прво ги здогледавте дрвјата…

Дефинитивно имате развиена интуиција! И не само тоа – таа е скоро секогаш од помош. Никогаш нема да направите грешка слушајќи ги вашите внатрешни чувства. Не се ни сомневајте дали интуицијата треба да ве води низ животот, само следете ја.

Се чувствувате многу позадоволни кога ќе донесете одлука само потпирајќи се на вашиот „внатрешен глас“. Избегнувајте често преиспитување, но може да имате и турбулентни и пророчки соништа, но сето тоа затоа што обрнувате многу внимание на деталите и од нив извлекувате симболика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e