Новородени близначиња ќе бидат крстени Ковид и Корона

Новородени близначиња во Индија ќе се викаат Ковид и Корона. Нивните родители им ги дадоа имињата по пандемијата на новиот вирус кој до сега покоси скоро 56.000 животи во светот, и од него се заразени на 1 милион луѓе.

Брачната двојка која е од градот Раџпур, на индиската новинска агенција ПТИ изјавиле дека имињата на бебињата се ставени Ковид и Корона за да ги потсетуваат на животот во најголемиот карантин на светот. Сепак, мајката додава, дека можеби подоцна сепак ќе им ги променат имињата.

– Целиот медицински персонал во болницата моите близнаци ги нарекуваше Ковид и Корона, сега за сега нека се викаат така. Состојбата е загрижувачка, но пандемијата ги натера луѓето да се погрижат многу повеќе за својата лична хигиена и да си стекнат одлични навики за заштита на здравјето, изјави мајката на Ковид и Корона

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e