Нови правила на плажите во Грција, казни до 15.000 евра доколку не ги почитувате!

Казните за прекршување на овие мерки изнесуваат од 5 д 15 илјади евра, и затворање на локалите од 15 до 20 дена.

Нови мерки на однесување на плажитево Грција. Според најновите протоколи на плажите се дозволени 40 капачи на 1.000 метри квадратни, а минималната дистанца меѓу чадорите мора да биде четири метри.

Тие мерики ги усогласија министрите за развој, цивилна заштита, правда и внатрешни работи, а поради спречување на ширењето на корона вирусот.

На сила и натаму останува забраната за пуштање музика, организирани настани, употреба на баровите, додека е дозволено да се пијат кафе и сокови.

Дозволена е употреба на еден чадор на две лежалки, со исклучок на семејство со мали деца, а дистанцата меѓу лежалките треба да биде најмалку 1,5 метри.

Не се дозволени тимски спортови на плажа, односно спортови со директен контакт.

Казните за прекршување на овие мерки изнесуваат од 5 д 15 илјади евра, и затворање на локалите од 15 до 20 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e