Нова студија покажува дека секој петти возач не го разбира кружниот тек

Најголема е неизвесноста помеѓу помладите возачи.
Помеѓу оние на возраст до 40 години, секој петти возач не е сигурен која лента да ја избере на кружните текови, а 15 отсто не знаат како се пропуштаат возила, покажува истражувањето спроведено од страна на „Ipsos“ за норвешката осигурителна компанија „Gjensidige“.

Меѓу оние постарите од 40 години, мал е бројот на оние кои не знаат кој има предност на кружните текови, а уште помалку се несигурни во изборот на ленти на кружните текови со повеќе ленти.
Според студијата на компанијата „Gjensidige“, 30 отсто од возачите ги нервираат луѓе кои избираат погрешна лента во кружниот тек.
Меѓутоа, несреќите на кружните текови се ретки, а оштетувањата на возилата се помали отколку на класичните раскрсници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e