Нетфликс ветува по еден нов филм секоја седмица

Стрим-платформата Нетфликс се заложи дека ќе објавува најмалку по еден нов филм секоја недела оваа 2021 година.

„Нетфликс секоја недела ќе ви претставува нов филм во кој ќе глумат некои од најголемите филмски sвезди. Најмалку 70 нови наслови ќе се појават оваа година“, се вели во соопштението на компанијата на нивната интернет-страница.

Меѓу sвездите кои ќе се појават во најавените нови филмови се Леонардо ди Каприо, Двејн Џонсон, Зендеја, Идрис Елба, Гал Гадот, Рајан Рејнолдс, Мерил Стрип и други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e