Науката вели дека мачките може да го видат дури и она што е целосно невидливо за човечкото око

Во многу култури тие се сметаат за мистични и божествени суштества.

Од памтивек, во многу култури, мачките се сметаат за мистични суштества кои имаат врска со задгробниот живот.

Во древниот Египет, мачките се сметале за свети суштества и биле толку почитувани што по нивната смрт биле дури и мумифицирани, за да ја поминат вечноста со нивните сопственици во задгробниот живот.

Целата мистичност за мачките се заснова на нивната непредвидливост, независност и некои нејасни и необјасниви навики, така што луѓето никогаш не биле во можност целосно да ги разберат постапките на овие животни.

Науката утврдила дека мачките имаат посебна способност; тие се способни да го видат дури и она што е целосно невидливо за човечкото око.

На разочарување на сите љубители на научната фантастика и мистицизмот, во прашање е нешто сосема природно – УВ зраците.

Според една неодамнешна студија, мачките, како и кучињата и некои други животни, можат да го видат овој вид светлина што не е видлива за човечкото око. Причината зошто мачките се можеби помистериозни од кучињата е тоа што посветуваат поголемо внимание на УВ зраците, па често можете да ги видите како гледаат на навидум празен простор.

– Има многу работи кои го рефлектираат УВ зрачењето, кое некои чувствителни животни се способни да го видат, за разлика од нас. На пример, тоа може да бидат некои обрасци на цвеќиња кои покажуваат каде е нектарот или траги од животинска урина. Исто така, еленот може да види УВ зрачење што го рефлектира снегот – изјави Роналд Даглас, професор по биологија на Универзитетот во Лондон.

Леќата на човечкото око ја блокира ултравиолетовата светлина, но кај животните чии леќи ги пренесуваат овие зраци, ултравиолетовата светлина стигнува до мрежницата, која ја претвора светлината во нервни сигнали кои патуваат до мозокот каде што визуелниот систем ги перцепира.

Нивниот заострен вид им овозможува, на пример, да го видат движењето на белите животни на снегот, што човечкото око ќе го забележи дури кога ќе се случи во негова непосредна близина. Оваа вештина во голема мера им помогна на мачките како диви суштества и месојади да преживеат во дивината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e