Најпопуларниот Јутјубер загина на параглајдинг

Најпопуларниот Јутјубер , Грант Томсон , кој беше сопственик на каналот King of Random , загина во несреќа на параглајдинг , потврди неговото семејство.

омсон во понеделникот вечерта заминал на параглајдинг и не се вратил. Вчера полицијата го нашла неговото тело.

Несреќата се случила во Националниот парк Sand Hollow State Park во американската држава Јута , а не се знае како настрадал. Неговиот брат Марк вели дека Томсон се занимавал со параглајдерство пет месеци , но пред тоа скокал со падобран и ги сакал сите други екстремни активности во воздух.

Неговиот Јутјуб канал е еден од најпопуларните со 11 милиони корисници и над две и пол милијарди прегледи. Тој на Јутјуб снимал различни експерименти и трикови , кои станаа многу популарни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e