Над 130.000 луѓе во изолација поради една корона-позитивна во реално шоу

Едно реално шоу во Австралија наиде на бројни критики откако илјадници Австралијци беа ставени во изолација заради инфекција на еден вработен на сетот.

Вработената, за која се вели дека била целосно вакцинирана, сепак се заразила со коронавирус и прекршила голем број строги епидемиолошки мерки што важат во Австралија, бидејќи поради работа посетила бројни места и градови.

Станува збор за 31-годишна жена чиј идентитет не е откриен, која во саботата полетала од Сиднеј за градот Бали, бидејќи за тоа добила дозвола од владата, пишува „Еј-Би-Си њуз“. Потоа, таа изминатиот викенд посетила голем број локации на северот на земјата, а за некои од нив немала дозвола за посета.

Сето ова резултираше со речиси 135.000 луѓе во седумдневна изолација, а таа одлука вчера стапи на сила. Во меѓувреме, Квинсленд ја затвори границата со погодените области.

Тоа предизвика гнев кај граѓаните на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e