Милионер е уапсен на аеродром-наместо маска , носел танга на жена му

Милионерот Џон Мекафи тврди дека бил уапсен во Норвешка поради носење танга на лицето наместо маска.

„Бев во затвор“, напиша тој во објавата, објаснувајќи дека му бил одбиен влезот во Германија затоа што немал маска.

„Тие побараа да ставиме маски. Јас ставив танга. Бараа да ја извадам и да ставам маска. Одбив. Тепачка, затвор, слива на окото, ослободување“, напиша тој.

Додека, Џон, наводно, бил во затвор, неговиот профил на Твитер го презема неговата сопруга Џенис која напиша неколку објави.

“Неговата маска од танга: не го рециклира јаглерод диоксидот што го издишува како обичната маска. (Луѓето кои имаат проблем со дишењето се ослободени од носење на маска затоа што маската им го отежнува дишењето.) Маските ги запираат бактериите, а не вирусите. Тој е уапсен поради тоа во што верува “, напиша сопругата и сопственичка на спорните гаќички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e