Меркел: Маските по 30 минути носење се толку влажни што и самите го пренесуваат вирусот

Додека многумина се уште се прашуваат дали треба да носат маски, судејќи според ставот на германската канцеларка Ангела Меркел, тоа не е многу пожелно.

Таа се консултираше со премиерите на германските сојузни покраини преку видео повик за да разговара за наредбата за задолжително носење маски. Имено, по предупредувањата од Австрија, и германските провинции започнаа да ги обврзуваат граѓаните да носат маски во јавен простор. Првата од овие мерки беше воведена од Тирингија.

Според германскиот „Билд“, германската канцеларка за време на средбата предупреди дека неправилно носење маски може да доведе до ширење на вирусот.

„Секој знае дека по половина час маската станува толку влажна што и самата станува преносител на вирусот“, изјави Меркел.

Повеќе детали за одлуките на германските власти ќе бидат познати откако ќе заврши средбата меѓу Меркел и премиерите на сојузните држави.

Би сакале да потсетиме дека Австрија веќе воведе задолжително носење маски. Затоа сега, на секој клиент во Австрија му се дава заштитна маска кога влегува во продавница или трговски центар. Австрискиот канцелар Себастијан Курц рече дека мерката може да се прошири и на други работни места, пишува Кликс.ба.

И СЗО предупредува: Не носете маски освен ако не сте заразени!
Официјални лица на Светската здравствена организација (СЗО) во понеделникот соопштија дека сепак препорачуваат луѓето да не носат маски за лице, освен ако не се заразени со корона вирус или не се грижат за некој што веќе е болен од оваа болест, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Директорот на СЗО за управување со вонредни состојби Мајкл Рајан изјави дека носењето маски за лице, доколку се користи неправилно, може да направи повеќе штета отколку добро во борбата против ширењето на новиот корона вирус. Рајан повтори дека СЗО верува дека тие треба да ги носат само оние кои се болни за да не го шират вирусот и здравствени работници на кои им требаат најмногу.

„Нема конкретни докази кои сугерираат дека носењето маски на кој било начин е од каква било корист, всушност, има спротивни докази за тоа“, рече Рајан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e