Љубовен хороскоп за август

ОВЕН

Овој месец кај Овните ќе биде означен со прекрасна, сенузална енергија. Тие што се во врска ќе уживаат со партнерот во секој момент. Многу прегратки, топли зборови, повторно вљубување во постојниот партнер. Слободните Овни ќе бидат склони на флерт, дружње и забава. Родените во овој знак како магнет го привлекуваат спротивниот пол. На некои од слободните Овни им претстои почеток на прекрасна врска.

БИК

Семејните односи и воопшто состојбата во домот ќе се одрази и на вашиот љубовен живот, предупредува љубовниот хороскоп. Некој повозрасен член од семејството ќе се меша во вашиот однос со партнерот. Избегнувајте бурни реакции бидејќи тоа само ќе ја влоши ситуацијата.

БЛИЗНАЦИ

Љубовта ви ги полни батериите и ви го храни мозокот и телото. Преоптоварени сте со обврски на деловен план и во љубовта ќе најдете сигурно и мирно пристаниште. Ќе имате разбирање и убава и силна поддршка од партнерот што ве прави смирени и среќни. Слободните Близнаци ќе запознаат нова љубов на работа или преку некој колега од работа.

РАК

Ќе почувствувате бран на силни емоции кои ќе сакате да ги пренесете и на партнерот. Ви следува период во кој ќе бидете многу чувствителни и емотивни. Не дозволувајте таа чувствителност да ве однесе во друга крајост и поради еден „груб“ збор да се затворите во себе. Пружете рака и зачекорете сигурно кон партнерот, покажете љубов и емоции и уживајте во убавите заеднички моменти.

ЛАВ

Слободните Лавови може да очекуваат флерт, дружење и многу забава. Имате вишок енергија и моментно сте на пола, може да влезете во врска, но и не морате. Ќе ви годи енергијата што ја носи овој месец. За почеток на нова врска послушајте го вашиот внатрешен глас. Лавовите што се во врска ќе имаат прекрасни моменти со партнерот што ќе им донесе уште поблизок однос.

ДЕВИЦА

Пред Девиците е тежок и напорен месец. Во љубовта сте на клацкалка. И слободните и зафатените имаат иста дилема – дали да продолжат по старо или да се впуштат во нова врска. Тешката енергија на ретро планетите на Девиците ќе им задава многу мака во овој период. Најдобро ќе биде без премногу ризици да го протурката овој месец, а важните одлуки да ги одложите за септември.

ВАГА

Во љубовта работите одат на подобро. Конечно, со партнерот имате иста цел и полека но сигурно одите кон негово остварување. За Вагите како двоен знак многу е важно да одите заедно со партнерот до целта. Слободните Ваги нека се подготват за турбулентна врска. Ќе ви се додворува личност што не е слободна. Пред вас е големо искушение.

ШКОРПИЈА

Кај Шкорпиите во овој период страстите ќе бидат посебно нагласени. Имате потреба од проширување на домот и на семејството. Со убав разговор постигнувате се што ќе посакате. Слободните Шкорпии ќе бидат во некој вид вакум, во сплет на минатото и иднината. Добро размислете кому давате шанса и кого го пуштате во вашиот живот.

СТРЕЛЕЦ

Како и за Овните и за Стрелците овој месец ќе биде полн со убава романтична енергија. Со партнерот „танцувате“ низ времето. Обземени сте со голема блискост и тоа во дава ветар во грб.Нагласена е голема љубов или голема страст. Слободните стрелци ќе запознаат интересна личност на непланирано патување.

ЈАРЕЦ

Советот за Јарците за овој месец е – извегнувајте расправии! Единствено на тој начин ќе го сочувате мирот во домот. Обидете се да ги разберете причините и за туѓото, а не само за вашето незадоволство. Секој од нас има свои грижи и проблеми и мисли дека неговиот проблем е најголем. Имајте го тоа на ум пред да тргнете во расправија.

ВОДОЛИЈА

Со партнерот градите мал „кинески ѕид“. Во овој период Водолиите може да добијат непријатен удар од страна на блиска личност на семејството. Со заеднички сили може да го избегнете. Вашиот заеднички мир и „кинескиот ѕид“ може да го сочувате сако ако сте потполно искрени со партнерот и ако секој од вас го изнесе јасно и прецизно своето мислење. Кога сите карти се на маса, тогаш сте силни и заедно можете се.

РИБИ

Во топлиот август Рибите треба само да уживаат и да се сакаат. Тие што се во врска со партнерот ќе имаат совршена комуникација, совршени планови и совршена љубов. Слободните Риби нека очекуваат вистинска љубовна магија. Овој месец ќе остане долго врежан во вашите мисли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e