Корона-мода: Блузони со маска

Пандемијата на коронавирусот, меѓу другото, влијае и на модната индустрија. Последниве неколку месеци, видовме бројни брендови кои излегоа со уникатни дизајнерски маски…

Најновиот моден тренд е маска „пришиена“ на облеката, наместо како додаток. Модниот бренд „Прити-литл-тинг“ (PrettyLittleThing) пушти во продажба блузон со качулка и, тој оди со маска зашиена околу вратот.

Достапен е во сива и црна боја и чини 16 фунти. На својата интернет-страница, брендот појасни дека маската не е медицинска заштита на лицето.

„Имајте на ум дека овој блузон не е заштитна маска. ‘Прити-литл-тинг’ не гарантира медицинска заштита од овој блузон. Затоа, ве замолуваме да продолжите да ги следите и практикувате сите релевантни упатства за социјална оддалеченост“, се наведува во описот.

Пред тоа, брендот дизајнираше и фустан кој содржи вградена маска. Манекенката Лоти Мос беше забележана како носи таков фустан во септември во Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e