Кои народи во светот се хранат здраво, а кои лошо?

Нутриционистот Џорџ Хамлин Вилијамс неколку години ги проучувал прехранбените навики на повеќе народи низ светот, во обид да извлече генерален заклучок која исхрана е најдобра.

Во текот на истражувањето, тој дошол до заклучок дека во Кина и Јапонија имаат генерално најздраво мени, бидејќи во нивната исхрана имаат многу овошје и зеленчук.

Недостаток на кинеската кујна, според Вилијамс, е количината на сол што се содржи во соја-сосот, па затоа е поголем поддржувач на јапонската, која изобилува со морска храна и свежи зеленчуци. Утврдил и дека трендот на исхрана на Јапонците се проширил и во Кенија и Малезија.

Од друга страна, препорачува луѓето да бидат особено внимателни со медитеранските прехранбени навики, особено на Италијанците и Грците. Иако во основа содржат многу свежи салати, риба, морски плодови, сирење, маслинки и маслиново масло, овие народи имаат и многу леб, пити и слични печива, како и богати десерти. Според него, тие внесуваат преголеми количини јаглехидрати, со што ги нарушуваат позитивните ефекти на медитеранската исхрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e