Како да тестирате шминка во парфимерија

Премногу производи во парфимерии можат да бидат збунувачки, затоа ви носиме неколку совети за побрз и полесен шопинг!

Во голем број на парфимерии и продавници, можеме да сретнеме шминкери кои можат да ни дадат совети и да го олеснат нашето купување, но добро е да ги знаете и овие совети кои ќе ви бидат од корист за вас.

Изберете одредени производи

За да не трошите премногу време, изберете ги само оние производи за кои дојдовте. Исто така, побарајте совет ако не можете да одлучите за вистинската нијанса на течна пудра, кармин, соодветна боја на сенки или лак за нокти.

Обрнете внимание на осветлувањето

Осветлувањето во продавниците не е секогаш идеално, но уметниците на шминка го знаат тоа многу добро. Значи, без оглед на осветлувањето, тие ќе ја изберат вистинската нијанса за вас. Ако сè уште сакате да бидете сигурни, застанете крај прозорецот и обидете се да фатите природна светлина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e