Како бебе прележал шпански грип, а еден век подоцна и Ковид-19

Бразилецот Рајмундо Леонардо де Оливеира неодамна се опорави од Ковид-19, сто години откако, како деветмесечно бебе, го прележал и шпанскиот грип.

Тој денес има 102 години.

Според „Дејли мејл“, овој пензиониран земјоделец минал две недели на интензивна нега во болница во бразилската сојузна држава Мина Жераис. Тој се заразил со коронавирус, но не бил интубиран или поврзан со респиратор.

Неговата 92-годишна сопруга исто така, се заразила со Ковид-19, била згрижена в болница и успешно оздравела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e